Авганистан-Абдула не ги прифаќа изборните резултати

Кандидатот за претседател на Авганистан, Абдула Абдула

Кандидатот за претседател на Авганистан, Абдула Абдула изјави дека нема да ги прифати резултатите од вториот круг на изборите и дека напорите за формирање на влада на национално единство со неговиот противник Ашраф Гани се во ќор сокак.

Според него, за жал процесот на пребројувањето на гласовите ја загубил легитимноста. Тој порача дека ќе се бори за победа. Абдула претходно се сретна со Гани да разговара за формирање на влада на национално единство.