Русија и САД на средба за нуклеарниот договор

Претставници на Русија и САД ќе се сретнат во Москва на 11 септември да разговараат за договорот за контрола на нуклеарното оружје од 1987 година. Со договорот беше елиминирано лансирањето на нуклеарни и конвенционални копнени балистички и крстосувачки проектили во опсег од 500 до 5500 километри.

Но, Москва и Вашингтон ја преиспитуваат меѓусебната посветеност на договорот. Вашингтон ја обвинува Русија за прекршување со двата нови системи на крстосувачки проектили. Русија тврди дека беспилотни летала на САД се спротивни на договорот.