Убиени 10 лица во бомбашки напади во Ирак

Најмалку десет лица загинале, а 30 биле повредени во самоубиствен бомбашки напад во северниот дел на Ирак. Експлозиите се случиле во градот Дулуијах, кој се наоѓа на 80 километри одалеченост од Багдад.

Милитантите на Исламската држава на почетокот на летото ја преземаа контролата врз градот, но потоа беа протерани. Вториот обид на милитантите да го освојат Дулуијах во минатиот месец исто така беше безуспешен. Се уште никој не презема одговорност за нападите.