Сомалиските исламисти лојални на Ал Каеда

Сомалиската исламистичка група Ал Шабаб го реафирмирале нивното сојузништво со Ал Каеда. Во денешното соопштение објавено на интернет се наведува дека ќе му бидат лојални на новиот шеф на оваа група Ахмет Умар Абу Убаида кој дојде на тоа место откако Ахмет Годане беше убиен во напад изведен со американско безпилотно летало во Сомалија. Ал Шабаб која се залага за воведување шериатски закони во Сомалија ги интензивира нападите и во Кенија.