Москва ќе одговори на нови западни санкции

Рускиот премиер Дмитри Медведев

Рускиот премиер Дмитри Медведев изјави дека Москва ќе одговори доколку Западот воведе нови санкции против Русија околу нејзините акции во Украина. Во интервју за денешнното издание на весникот „Ведомости“ Медведев изјави дека ако санкциите бидат насочени кон енергетскиот сектор тогаш одговорот на Москва, како што рече, ќе биде асиметричен. Европската унија се согласи да воведе нови економски санкции кои би можело да стапат во сила денеска. Брисел ја остави можноста тие да бидат одложени за да и се дозволи на Москва да покаже дека е за решавање на конфликтот во Украина.