Обама со нова стратегија против милитантите од Исламската држава

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека во говорот на 10 септември ќе ја објави неговата стратегија за офанзива против милитантите од Исламската држава. Пентагон вчера соопшти дека американската авијација извршила воздушни напади против милитантите во близина на најголемата брана во Ирак – Хадита. Во меѓувреме, Арапската лига вети дека ќе ги преземе „сите неопходни мерки“ против Исламската држава.