ЕУ треба да одобри нови санкции против Русија

ЕУ денеска треба официјално да го одобри заострувањето на санкциите против Русија поради нејзината вмешаност во кризата во Украина.

Новите мерки беа одобрени од страна на лидерите на ЕУ доцна на 5 септември на маргините на Самитот на НАТО во Велс. Одлуката беше донесена неколку часа откако Киев и проруските сепаратисти се договорија за прекин на огнот во источна Украина во обид за окончување на петмесечниот конфликт во кој загинаа скоро 3.000 луѓе.

ЕУ соопшти дека новите санкции може да бидат суспендирани ако Москва го почитува прекинот на огнот и ги повлече своите војници од Украина.

Руското Министерство за надворешни работи се закани дека ќе има „реакција“ на заострувањето на санкциите. По претходните санкции, Москва забрани увоз на храна од западните земји. Забележано е прекршување на примирјето во реонот на Доњецк и во Мариупол.