Во земјава влегле нигериски студенти сомнителни на ебола

Министерството за здравство синоќа преку соопштение информираше дека осум студенти од Нигерија на 4 овој месец влегле во Македонија на аеродромот Александар Велики, а две лица од групата биле задржани на мониторинг под сомнение дека се заболени од ебола. Термалната камера на аеродромот детектирала дека двете лица имаат покачена температура. Студентите биле дојдени на студиски престој во Македонија. Лицата биле задржани во изолација, но откако набрзо им се намалила телесната температура , биле пуштени да отпатуваат до крајната дестинација. Подоцна уште кај едно лице од групата кое престојувало во Охрид му била констатирана висока температура, по што е изолирано на Клиниката за инфективни болести. Од Министерството за здравство смируваат дека нема простор за паника, но дека состојбата на студентите ќе се следи во следните 21 ден, период колку што трае инкубацијата.