Околу 300 жртви од поплавите во Индија и во Пакистан

Околу 300 луѓе загинале во лизгање на земјиштето и во поплавите предизвикани од обилните монсунски дождови во северна Индија и во Пакистан, соопштуваат тамошните власти. Во петдневните дождови кои ги предизвикаа најголемите поплави во последните 50 години во индискиот дел на Кашмир загинаа најмалку 120 луѓе. Во соседен Пакистан повеќе од 160 луѓе загинале, а илјадници куќи се урнати. Спасувачите во двете земји користат хеликоптери и бродови обидувајќи се да стигнат со десетици илјади луѓе заробени во своите домови.