Естонски полицаец обвинет за шпионажа во Русија

Илустрација.

Рускиот суд му одреди притвор на естонскиот безбедносен офицер Естон Ковер кој е обвинет за шпионажа. Тој може да биде задржан во притвор два месеци до почетокот на судењето, додека руските власти го истражат случајот. Ковер со соочува со 20 години затвор. Русија соопшти дека тој бил заробен на руска територија додека тајно работел на прибирање разузнавачки информации. Естонските власти, пак, тврдат дека Ковер е полицаец кој бил киднапиран на 5 септември на естонска територија додека истражувал прекуграничен криминал од руска криминална група. Тие соопштија дека групата Руси кои го киднапирале Ковер и го однеле во Русија користеле димни бомби и ги попречувале радио-комуникациите. Естонското Министерство за надворешни работи го оцени случајот како „многу вознемирувачки“ и го повика рускиот амбасадор во Талин, Јури Мерзлаков, да даде објаснување.