Во Иран уапсен Украинец осомничен за саботажа на нуклеарна централа

Нуклеарната централа Бушер во Иран.

Иранскиот дневен весник Хамшари објави дека иранските власти уапсиле украински државјанин осомничен за саботажа на нуклеарната централа Бушер. Весникот наведува дека „украинскиот експерт“ бил поврзан со руската фирма која работи на Бушер која почна со работа во 2011 година со руска помош. Не се наведува времето и начинот на наводната саботажа. Иран долго време ги обвинува САД и Израел дека работат на саботажа на нивната нуклеарна програма за која Техеран тврди дека е мирнодопска. Западните земји и Израел се сомневаат дека Иран тајно се обидува да развие нуклеарно оружје.