Одложена посетата на кинескиот претседател на Пакистан

Архивска фотографија: Претседателите на Пакистан и на Кине, Манмун Хусаин и Си Џинпинг, во Пекинг.

Најавената посета на кинескиот претседател Си Џинпинг на Пакистан за овој месец е одложена поради антивладините протести во Исламабад. Пакистанското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека „со оглед на актуелната политичка ситуација во Пакистан“, двете страни се согласија посетата да се одложи, но не беше соопштен датум кога таа ќе се одржи. Поддржувачите на опозицискиот политичар Имран Хан и на свештеникот Такир ул-Кадри протестираат во Исламабад, барајќи оставка од премиерот Наваз Шариф. Тие го обвинуваат премиерот за корупција и за лажирање на изборите од 2013 година преку кои дојде на власт. Шариф ги негира обвинувањата и одбива да се повлече од функцијата. Антивладините протести станаа насилни, а има загинати и повредени. Кина е близок сојузник на Пакистан и многу инвестира во енергетика и инфраструктурни проекти.