Судир на автобус и камион кај Жван

Илустрација.

Неколку странски државјани се повредени денеска во судир меѓу автобус и камион на регионалниот патен правец Демир Хисар-Кичево, помеѓу населените места Сопотница и Жван.
„Во сообраќајната несреќа учествуваа автобус со скопски регистарски таблици кој сообраќал на релација Кичево-Демир Хисар и товарно возило камион со приколка кое се движело во обратна насока. При судирот на возилата повредени се неколку лица странски државјани кои веднаш се пренесени во Клиничка болница-Битола“, информираат од СВР-Битола.

На местото на сообраќајната несреќа во тек е истрага за причините и последиците од тој настан, за што се вклучени стручни лица од полицијата и истражен судија.