Кинескиот сајт Алибаба оди на американските берзи

Кинескиот сајт за интернет продажба Алибаба планира за прв пат да стави на продажба акции во вредност од 24 милијарди долари на американските берзи, информира американската Комисија за хартии од вредност. Кинеската компанија, која има за цел да им конкурира на Амазон и на Ибеј во глобалната продажба, планира овој месец да понуди на продажба 320 милиони акции по цена од 60 до 66 долари за акција. Се очекува со тоа цената на компанијата да порасне на 163 милијарди американски долари. За споредба, Ејпл, највредната компанија во светот, се проценува на 592 милиони долари.