Северна Кореја изврши нови ракетни тестирања

Илустрација.

Северна Кореја денеска изврши ракетни тестирања при што испука три ракети во морето. Јужна Кореја соопшти дека верува оти се работи за нов тип тактичко вооружување. Ова е 19 пат годинава Северна Кореја да испукува ракети, при што се испукани 111 проектили, јави јужнокорејската новинска агенција Јонхап повикувајќи се на официјални воени податоци.