НАТО дискутира за глобалната закана од Исламската држава

Лидерите на земјите- членки на НАТО ја оценуваат глобалната закана од бунтовниците од Исламска држава. Генералниот секретар на алијансата Андерс Фог Расмусен рече дека меѓународната заедница има обврска да го сопре напредување на бунтовниците од Исламска држава. Расмусен зборуваше вчера на самитот на НАТО што се одржува во Велс. Исламска држава зазема големи делови од северен и западан Ирак а направи и напади во Сирија.