Оланд со услови за испораката на воени бродови на Русија

Францускиот претседател Франсоа Оланд

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека прекин на огнот и политичко решение за Украина се условите под кои неговата земја ќе и го испрати првиот од двата воени бродови Мистрал на Русија.

Говорејќи на маргините на самитот на НАТО во Велс, тој порача дека договорот за испорака на бродовите не бил ниту поништен ниту суспендиран. Но, според него, условите за испорката на бродот во октомври не постоеле. Француските власти вчера соопштија дека ја донеле одлуката поради улогата на Русија во конфликтот во Украина.