Авганистан-Расте бројката на жртвите во нападот на талибанците

Најмалку 31 лице загинало, а десетици биле повредени во денешниот напад на талибанците врз владина зграда во Газни, на истокот на Авганистан. Најпрвин експлодирале две бомби кои биле поставени во камиони паркирани до зградата по што дошло и до напад од вооружени милитанти. Во престрелката, како што соопштија локалните власти, биле убиени и неколкумина талибанци. Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците.