Лавров во Киргистан за Евроазиската економска унија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и киргистанскиот министер за надворешни работи Ерлан Абдилдаев.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека се надева оти Киргистан ќе биде во можност побрзо да се интегрира во Евроазиската економска унија. Лавров го даде коментарот по средбата со киргистанскиот министер за надворешни работи Ерлан Абдилдаев во Москва. Според него, тоа што Бишкек ќе се придружи на царинската унија ќе и помогне на земјата да оствари големи економски цели и да реши многу предизвици.