НАТО бара решавање на изборниот спор во Авганистан

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен побара од ривалските претседателски кандидати во Авганистан да го решат изборниот спор што ја одлага инаугурацијата на новиот шеф на државата. Авганистан треба да ги потпише безбедносните договори со кои и се овозможува на Алијансата да распореди тренинг мисија по повлекувањето на нејзините сили до крајот на годинава. Расмусен по пристигнувањето на самитот на НАТО во Велс изрази надеж дека овие документи ќе бидат потпишани навреме. Абдула Абдула и Ашраф Гани објавија дека победиле на изборите за претседател. Новиот претседател требаше да биде инаугуриран на 2 август.