Десетина загинати во напад во Авганистан

Над десет луѓе загинале, а 80 биле ранети во денешниот напад на талибанците врз владина зграда во Газни, на истокот на Авганистан. Најпрвин експлодирале две бомби кои биле поставени во камиони паркирани до зградата по што дошло и до напад од вооружени милитанти. Во престрелката, како што соопштија локалните власти, биле убиени и неколкумина талибанци. Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците.