Најмалку пет години затвор за учество во странски паравојски

Затвор од најмалку пет години за оној кој ќе создава, организира, регрутира, превезува, организира превоз, опремува, обучува или на друг начин подготвува лице или група за учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации, организирани групи или поединечно, надвор од територијата на Македонија. Ова се предвидува со измените на Кривичниот законик што ги изгласа вчера републичкото Собрание. Со измените ќе биде казниво и помагањето како и обидот за извршување на овие дела. Целта на измените на Кривичниот законик, според Министерството за правда, е да се зајакне системот на национална безбедност и борбата против глобалните закани, особено тероризмот, а следи по извештаите на повеќе меѓународни организации за злосторствата, масакрите, киднапирања и етничкото чистење што го спроведуваат милитантите на Исламската држава во Ирак.