Лавров повика на примирје во Украина

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров побара од проруските бунтовници и украинската влада да ги послушаат повиците на претседателот Владимир Путин за примирје во источна Украина. Тој додаде дека Москва била подготвена да преземе практични чекори за деесакалација на кризата во Украина според предлозите што ги даде претседателот Путин. Овие чекори, според Лавров, би биле преземени во соработка со ОБСЕ.