Обама: Правдата ќе биде задоволена

Американскиот претседател Барак Обама им порача на милитантите на Исламската држава дека "правдата ќе биде задоволена" откако јавноста ги виде видео снимките на кои беше прикажано обезглавувањето на двајцата американски новинари. Говорејќи во Естонија, Обама изјави дека обезглавувањето на новинарот Стивен Сотлоф е "ужасен чин на насилство." Тој рече дека милитантната група на Исламската Држава ќе види дека раката на Соединетите Држави е "долга" и вети дека убијците ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Тој додаде дека целта на САД против милитантите на Исламската држава во Сирија и во Ирак е да се осигура дека групата "не е закана за регионот." Запрашан дали ќе нареди американски воздушни напади во Сирија, Обама изјави дека САД ќе ги продолжи меѓународните напори против ваквиот вид на варварска и празна визија", која како што рече ја претставуваат милитантите на Исламската држава .