Попоски на самитот на НАТО во Велс

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски утре во рамки на Самитот на НАТО во Кардиф, ќе учествува на сесијата посветена за ангажманот на алијансата во Авганистан. На Самитот ќе биде организирана и посебна сесија на ниво на министри за надворешни работи на земјите членки на НАТО со четирите кандидати за членство Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Грузија.

Во овој формат ќе се дискутира и за политиката на проширување на алијансата. Попоски ќе ги изнесе македонските видувања во поглед на одложеното членство од 2008-ма година на земјата во НАТО и напорите кои се вложуваат за негова реализација.