Убиени 910 милитанти во офанзивата во Пакистан

Пакистанската војска соопшти дека најмалку 910 милитанти загинале за време офанзивата на владините сили. Според соопштението, 82 војници загинале, а 269 биле повредени откако во јуни започна операцијата против милитантите во покраината северен Вазиристан. Борби имало и надвор од племенските реони во кои како што војската нагласи се воделе координирани операции предводени од разузнавачките служби за да се спречи спроведувањето напади насекаде низ земјата.