Обама со поддршка за Естонија

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека САД ќе и пружат поддршка на Естонија во зачувувањето на регионалната безбедност. Според него, нераскинлива е посветеноста на САД во одбраната на земјите членки на НАТО против секој напад.

Обама по средбата со естонскиот претседател Томас Хендрик Илвес во Талин зборуваше за руската агресија против Украина и нагласи дека Естонија никогаш нема да биде оставена сама. Обама порача дека улогата на Русија во конфликтот во источна Украина ја покренала важноста за зацврствување на одбранбените капацитети на НАТО.