Путин во посета на Монголија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе ја посети Монголија, каде што ќе разговара со својот колега Цакиа Елбегдор. Претставник на Кремљ соопшти дека разговорите ќе бидат фокусирани врз трговската и економската соработка меѓу двете земји. Русија е втор по големина трговски партнер на Монголија, веднаш по Кина, се вели во соопштението, но се додава дека билатералната трговија опаднала за речиси 16 насто во минатата година и за уште 13 проценти во првата половина од годинава.

Се очекува за време на посетата на Путин да бидат потпишани 13 документи, меѓу кои и договор за модернизација на железницата на Улан Батор.