Назарбаев: украинската криза ќе ја загрози економијата на Казахстан

Претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев изјави дека натамошна ескалација на кризата во Украина ќе ја загрози економијата на неговата земја. Говорејќи во парламентот, тој рече дека санкциите и трговските рестрикции предизвикани од украинската криза ќе го спречат економскиот раст на казахстанските партнери, меѓу кои е и Русија и оти тоа на крајот ќе ја погоди и економијата во земјата. Назарбаев истакна дека меѓусебните санкции на земјите кои произведуваат околу 60 насто од глобалниот БДП ќе водат кон сериозни промени на постојните економски односи и светскиот поредок.

Казахстан, Русија и Белорусија се партнери во Царинска Унија и имаат согласност да формираат Евроазиска економска унија, која е предвидено да почне да функционира во јануари.