Лекари без граници: светот ја губи битката со Еболата

Меѓународната организација Лекари без граници соопшти дека светот ја губи битката за зауздување на Еболата и повика на глобален одговор на појавата на вирусот. Претседателот на организацијата Џоан Лиу вчера во ОН во Њујорк изјави дека се итно потребни воени и цивилни тимови оспособени за справување со билошката катастрофа. Лиу повика за повеќе теренски болници со одделенија за изолација во Западна Африка, каде што Еболата од март уби повеќе од илјада и 550 луѓе, како и за испраќање обучени медицински работници во регионот.

Организацијата за храна и земјоделство на ОН вчера соопшти дека затворањето на границите, суспензијата на летови и други рестриктивни мерки за превенција на ширење на вирусот, довело до панично купување и огромно зголемување на цените во земјите погодени од Ебола.