Времето облачно со повремен дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утринската температура се движи од 13 до 20, а дневната ќе биде од 19 до 25 степени.

Во Скопје слично време. Утринската температура се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

Во охридско-преспанскиот регион облачно време со повремен дожд со послаб интензитет. Дневната температура ќе достигне до 21 степен. Во дојранскиот регион облачно и нестабилно со пообемен дожд и појава на грмежи. Температурата ќе достигне до 24 степени.

И во наредниот период ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои ќе имаат променлив интензитет и ќе бидат проследени со локална појава на грмежи.