ММФ-На Украина ќе и треба дополнителна финансиска помош

ММФ соопшти дека на Украина ќе и биде потребен поголем заем доколку продолжат борбите со проруските сепаратисти во источниот дел на земјата и во наредната година. Според извештајот на ММФ, ризикот од борбите и од спорот со Русија за испораката на гас претставуват закана за економијата на земјата. Украина доби кредит од 17 милијарди долари од ММФ во март. На Украина, како што е наведено во 2015 година ќе и требаат уште 19 милијарди долари.