Уапсени 88 лица за планирање напади во Саудиска Арабија

Властите во Саудиска Арабија соопштија дека уапсиле 88 лицa кои се осомничени дека планирале напади во и надвор од државата. Соопштението доаѓа во време кога милитантите од Исламската држава напредуваа во офанзивата во Ирак и Сирија што ги поттикна властите во Саудиска Арабија да ги зголемат безбедносните мерки. Министерството за вантрешни работи соопшти дека 59 лица од уапсените претходно биле осудени за слични кривични дела.