Најмалку 15 украински војници загинале во последните борби

Портпаролот на украинската војска Андриј Лисенко негираше дека аеродромот во Доњецк е под контрола на сепаратистите. Според него, во борбите во изминатите 24 часа загинале 15 украински војници, а 49 биле повредени.

Агенцијата за бегалци на ОН соопшти дека бројот на раселени лица во изминатите три недели во Украина се зголемил за двојно, односно сега изнесува 260 илјади. Повеќе од 2600 лица загинаа од почетокот на борбите во земјата.