Естонија сака постојана база на НАТО во земјата

Естонскиот претседател Томас Хендрик Илвес.

Естонскиот претседател Томас Хендрик Илвес изјави дека властите сакаат НАТО да воспостави постојана база во земјата со цел да се заштити нејзината територија од потенцијалните закани од Русија. Балтичките земји во НАТО, Естонија, Летонија и Литванија се загрижени за потенцијалните закани од Русија поради кризата во Украина, каде западот тврди дека Москва испраќа војска и опрема за да им помогне на сепаратистите во борбите со владините сили.