ЕУ го разгледува проширувањето на санкциите за Русија

ЕУ ја разгледува можноста за проширување на забраната за позајмување или подигнување капитал од Европа на сите руски компании во сопственост на државата и забрана за влез во ЕУ на рускиот министер за одбрана Сергеј Шоигу. Предлогот бил презентиран за време на средбата на амбасадорите ан ЕУ во Брисел.

Европската Комисија треба утре да ги подготви новите санкции против Русија поради улогата на земјата во кризата во Украина. Земјите членки на ЕУ ќе донесат конечна одлука за санкциите во петок.