Русија ќе ја менува воената доктрина

Заменик секретарот на рускиот совет за безбедност Михаил Попов изјави дека Русија ќе ја прилагоди нејзината воена доктрина како одговор на новите закани и опасности поврзани со Арапската пролет и украинската криза. Според него, водечките светски сили користеле екстремни групи, приватни воени компании и протестанти за ескалација на тензиите во односите со Русија. Попов изјави дека можноста НАТО да распореди сили на границата со Русија претставува најава за натамошна опасност по руската безбедност.