Газпром нефт почна со производство на нафта во Ирак

Руската компанија Газпром нефт објави дека вчера почнала со комерцијално производство на нафтеното поле Бадра во југоисточен Ирак. Газпром нефт соопшти дека првите количества нафта од Бадра се пуштени во нафтоводот до извозниот терминал Басра во Персискиот Залив. Руската компанија најави дека оваа година преку нафтоводот ќе се испорачуваат по околу 15 илјади барели нафта дневно. Газпром нефт управува со проектот Бадра. Руската компанија е на чело на конзорциумот во кој се уште и јужнокорејската компанија КОГАС, малезиски Петронас, туркската ТПАО и Ирачката компанија за експлоатација на нафта. Нафтените резерви во Бадра се проценуваат на околу три милијарди барели. Конзорциумот планира во иднина да го зголемува производството до 170 илјади барели дневно.