ОН ќе ги истражува воените злосторства во Ирак

ОН го одобриja барањето на ирачката влада да ги испита наводните злосторства врз цивилите извршени од страна на милитантите од Исламската држава во северниот и западниот дел на Ирак. Советот за човекови права на ОН со седиште во Женева едногласно се согласи да се формира мисија која ќе ги испита злосторствата, притоа одобрувајќи речиси 1,2 милиони долари за таа намена. Секој доказ би можел да биде искористен во евентуална процедура за воени злосторства. Ирачкиот министер за човекови права Мухамед Шиа ал-Судани пред гласањето на Советот рече дека се соочуваат со „терористички чудовишта“. Земникот на високиот комесар за човекови права, Флавија Пансиери изјави дека прогонот на верски и етнички групи од страна на милитантите најверојатно е злосторство против човештвото. Но, таа додаде дека најверојатно станува збор за воени злосторства и во случајот на бомбардирањата од страна на ирачките сили на цивилни области контролирани од милитантите.