Руската рубља на најниско ниво во однос на доларот

Руската рубља вчера падна на најниско ниво од 37,39 рубљи за еден долар, откако поради зголемените тензии во источна Украина, западните претставници разговараа за можноста од нови економски санкции против Москва. Рубљата е на најниско ниво и во однос на еврото во последните пет месеци. Едно евро се менува за 49,27 рубљи. Руските берзи исто така паднаа.