Амнести интернејшнал - Исламската држава врши етничко чистење

Организацијата за човекови права Амнести интернејшнал, во извештајот објавен денеска, наведува дека милитантите на Исламската држава се виновни за „систематско етничко чистење“ во северен Ирак, односно за „воени злосторства“.

„Масакрите и киднапирањата извршени од Исламската држава обезбедуваат ужасни нови докази дека бранот на етничко чистење против малцинствата се шири низ северен Ирак“, се наведува во извештајот.