Давутоглу-Главна цел на новата влада членството во ЕУ

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска изјави дека полноправното членство во ЕУ е една од главните цели на новата влада. Според него, потребен е нов импулс, бидејќи процесот е малку побавен иако претходната влада реализирала голем број реформи во оваа сфера.

Давутоглу во Парламентот, каде ја претстави програмата на новиот кабинет увери дека неговата влада планира да се придржува кон „стабилна и безопасна политика“ во рамки на евроинтеграциите.