Ирачките сили напредуваат во борбата против милитантите

I

Ирачките и курдските сили ја преземале контролата врз два града од милитантите на Исламската држава. Ирачките власти соопштија дека владините сили поддржани од шиитските милиции и курдските војници повторно го завземале градот Зумар, а со помош на американските воздушни напади ја преземале контролата и врз градот Амирли. Милитантите освоија голем број на територии од северен и западен Ирак, како и од североисточниот дел на Сирија.