Судири на сириските сили и милитантите во Голанската Висорамнина

Голанската Висорамнина.

Сириските владини сили и исламските милитанти се судриле во Голанската Висорамнина во близина на границата со Израел. Сириската организација за човекови права соопшти дека борбите се случиле во близина на градот Хамидијех.

Изралеските сили се во состојба на готовност поради судирите. Израелските власти соопштија дека вчера собориле неиндентификувано беспилотно летало над Голанската Висорамнина.