Откриени стотина илегални мигранти во воз во Велес

Министерството за внатрешни работи соопшти дека повеќе од 100 илегални мигранти од Сирија и Ирак биле откриени синоќа на железничка станица Велес во вагоните од товарен воз кој превезувал јаглен од Солун. Според соопшетнието, веднаш биле преземени мерки за згрижување на илегалните мигранти. Тие патувале од Сирија преку Турција и Грција до Македонија. МВР презема мерки за целосно расчистување на случајот.