Приведени 20 полицајци за заговор против турските власти

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Најмалку 20 полицајци биле приведени денеска во Турција по спроведената акција во 16 градови низ земјата. Распишана е и потерница за 34 полицајци, обвиненети за заговор против владата.

Тоа е четврта рација од јули годинава по обвинувањата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека полицијата прави заговор против него. Акцијата е спроведена по само неколку дена откако Ердоган положи заклетва и ја замени премиерската со претседателската функција.