Украинските сили се повлекoa од аеродромот во Луганск

Украинските сили се повлекле од аеродромот во Луганск по судирите со проруските сепаратисти. Портпаролот на украинската војска Андриј Лисенко изјави дека повлекувањето било организирано. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров претходно изрази надеж дека учесниците на денешната средба во Минск ќе се согласат за условите за итен и безусловен прекин на огнот во источна Украина.