Во насилството во Ирак загинале 1420 лица

Раселени лица од покраината Анбар во Ирак

ОН соопштија дека најмалку 1420 лица загинале во Ирак во минатиот месец. Според организацијата, 1370 лица биле повредени, а 600 илјади луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови поради офанзивата на милитантите од Исламската држава. Во извештајот е наведено дека милитантите кои ја презедоа контролата врз голем број на територии во Ирак продолжуваат да ги гонат и убиваат луѓето поради нивната етничка или верска припадност.