Камерон ќе предложи построги мерки за британските џихадисти

Британскиот премиер Дејвид Камерон

Британскиот премиер Дејвид Камерон се очекува денеска да ги претстави построгите мерки против државјаните на земјата кои им се приклучуваат на џихадистите во Сирија и Ирак. Мерките доаѓаат откако британските власти соопштија дека е зголемена веројатноста за терористички напади во земјата од страна на џихадистите од Сирија и Ирак.

Камерон ќе предложи нови мерки според кои, доколку има доволно докази осомничените ќе бидат кривично гонети. Британските медиуми јавија дека мерките можеби ќе вклучуваат привремена забрана за враќање на Британците кои се осомничени дека се борат во странски земји и се членки на исламските милитантни групи.