Казахстан би можел да се повлече од Унијата со Русија

Претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев изјави дека неговата земја би можела да се повлече од економскиот сојуз со Русија и Белорусија поради заканите врз нејзината независност. Тој за телевизијата Кабар изјави дека Казахстан има право тоа да го направи доколку не бидат исполнети договорените обврски.

Рускиот Претседател Владимир Путин на 29 август изјави дека Назарбаев „успеал да креира држава на територија која никогаш немала државност“. Руската анексија на Крим и конфликтот во источна Украина ги загрижи западните земји и руските соседи дека Кремљ се обидува да воспостави контрола врз земјите од поранешниот Советски Сојуз.